Приведен 48-годишник во Куманово. Возел без положен испит

Сподели со своите пријатели

Четириесет и осумгодишник бил приведен викендов во Куманово откако полицијата констатирала дека возел без да има положен испит.

– На 27.06.2026 во 20:50 часот на улица „11 Октомври“ во Куманово, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода И.Т.(48) од Кратово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, при контрола во сообраќајот, полициски службеници запреле товарно моторно возило „фолксваген кади“ со скопски регистарски ознаки, управувано од И.Т. и по извршени проверки било констатирано дека возилото го управувал без положен возачки испит.

– По насоки најавен обвинител, тој бил приведен во полициска станица, а возилото било одземено, додаваат од полицијата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Два пати гореше расадникот на „Национални шуми“ во Бедиње (ВИДЕО)

По целосно документирање на случајот, како што стои во соопштението, против И.Т. ќе биде поднесена соодветна пријава.

Никола Ивановски