Состанок во Хаг за воените злосторства поради војната во Украина

Сподели со своите пријатели

Претставници на група нации кои работат заедно за да ги истражат воените злосторства за време на војната во Украина се состанаа во Хаг.

Loading...

Истражниот тим и обвинителот на Меѓународниот кривичен суд, Карим Кан, имаа координативен состанок во Европравда, агенцијата на ЕУ за судска соработка, пишува АП.

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

Руската инвазија на Украина е прогласена за нелегален акт на агресија, а руските сили се обвинети за убивање цивили во Буча и за напади врз болници и театри во Мариупол, каде цивилите се криеле од бомбардирањето.

Истрагата на АП покажа дека на 16 март околу 600 луѓе биле убиени во гранатирање внатре и надвор од зградата на театарот.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Обид за напад на Врховниот суд на Бразил, осомничениот бомбаш пронајден мртов

Откако Русија ја нападна Украина на 24 февруари, документарната серија на АП и ПБС Фронтлајн објави дека во Украина се регистрирани 273 потенцијални воени злосторства.

Loading...

 

Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија

 

Украинскиот претседател Володимир Зеленски рече дека убивањето цивили е геноцид и воено злосторство, додека американскиот претседател Џо Бајден рече дека Владимир Путин е воен злосторник.

Бајден смета дека на рускиот претседател треба да му се суди за воени злосторства.

Меѓу осомничените има руски министри, команданти, пропагандисти

Истражниот тим беше формиран кон крајот на март и го сочинуваат истражители од Украина, Литванија и Полска.

 

Loading...

Дел од цивилните бродови од пристаништето Мариупол ќе ги преземе сепаратистичката ДНР

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Француското обвинителство бара пет години затвор за Марин Ле Пен

Обвинителот Кан ја посети Украина, вклучително и Буча, и има свој тим во Украина кој собира докази. На средбата присуствуваше и главниот државен обвинител на Украина Ирина Венедиктова.

Нејзината канцеларија веќе отвори повеќе од 8.000 криминални истраги поврзани со војната и идентификуваше 500 осомничени.

Меѓу осомничените има руски министри, воени команданти и пропагандисти. Минатата недела руски војник беше осуден на доживотен затвор за убиство на цивили, што е прва казна за воени злосторства во Украина.

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

Loading...

Русија негира дека нејзините војници се одговорни за злосторствата. Министерството за одбрана претходно овој месец соопшти дека ниту еден цивил не се соочил со насилни дејствија од страна на руската војска.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  4.000 рудари заробени во рудник: Властите негираат одговорност за нив, а тие останаа без храна и вода

Аналитичарите предупредуваат дека судскиот процес ќе биде сложен и долг бидејќи истражителите комбинираат форензички и други докази и се обидуваат да утврдат кој наредил или знаел за злосторствата. Тие истражуваат и кој дозволил да се случат злосторствата.

Хаг не е единственото место каде се бара одговорност од Русија. Обвинителите во Германија, Полска, Латвија, Литванија, Естонија, Словачка, Франција, Норвешка, Шведска и Швајцарија започнаа свои истраги.