Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија

Сподели со своите пријатели

Турскиот министер за надворешни работи Мевлут Чуавушоглу изјави дека Турција нема да се приклучи на санкциите против Русија и дека украинскиот претседател Володимир Зеленски побарал да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

Loading...

– Санкциите против Русија ја погодија и Турција. Тие ја разбираат нашата позиција и таа мора да се разбере со оглед на нашата посредничка улога. Нашиот став е јасен, нема да се приклучиме кон санкциите и нема да дозволиме тоа да се прави преку нас, рече Чавушоглу во изјава за турската агенција Анадолија, а пренесува Спутник.

 

Од утре „паѓаат“маските во Австрија, освен во Виена

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Суспендиран рускиот свештеник кој одржа комеморација за Навални

Чавушоглу рече дека Зеленски за време на телефонскиот разговор со турскиот претседател Реџеп Таип Ердоган рекол дека сака да се сретне со рускиот претседател Владимир Путин.

„Буквално вчера за време на разговорот Зеленски рече дека сака да се сретне со Путин. „Турција продолжува да прави напори“, рече Чавушоглу.