Сообраќајната несреќа во Србија однесе еден млад живот

Сподели со своите пријатели

Вчера околу 13 часот на автопатот Ниш – Прешево кај Бујановац се случи сообраќајна несреќа во која животот го загуби 19-годишниот македонски државјанин M.M, додека неговиот совозач, Н.М (21). e тешко повреден.

Loading...

Несреќата се случила кога ПМВ Опел астра со македонски регистарски таблички удрил  во специјално паркирано возило за обележување патишта, јавуваат српските медиуми.

Од здобиените повреди 19-годишниот М.М починал веднаш по приемот во болница, додека неговиот совозач  се здобил со тешки телесни повреди и веднаш бил пренесен со брза помош во Клиничкиот центар во Ниш каде е опериран.

Полицијата ги истражува причините за несреќата.

Фото: Телеграф.рс

 


Leave a Reply

Your email address will not be published. Required fields are marked *