Со големи амбиции, МКК Куманово ги започна подготовките за новата сезона (ГАЛЕРИЈА)

Сподели со своите пријатели

Со изменет ростер и поголеми амбиции, МКК Куманово вчеравечер го одржа првиот тренинг во пресрет на новата сезона која започнува есенва.

Од минатогодишниот состав, во тимот остануваат Филип Стојановски, Ѓорѓи Ѓорѓиевски, Кирил Петковски, Лазар Кузмановски, Стојан Ѓуроски и Андреја Стевановиќ.

 

 

Освежување во ростерот сезонава ќе бидат Бобан Стајиќ, Ренато Димитриевски, Бојан Крстевски, Камерон Гуден, Алек Петкоски, додека Данчо Киров е на пробен период.

 

 

Шефот на стручниот штаб, искусниот стратег Марин Докузовски и оваа година ќе го предводи составот.

 

 

Како што вели, ќе се оди со нов начин на игра, а ќе се атакува на што подобар пласман.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По еден пожар вчера во Куманово, Старо Нагоричане и Липково

– Оваа година имаме малку поразличен ростер затоа што мислам дека Куманово би сакал да игра на малку поразличен начин, поагресивна игра и побрза кошарка, затоа што кошарката оди напред, во цела Европа кошарката е на многу повисоко ниво во смисла на играта, така да мислам дека со оваа екипа ќе играме многу побрза и поагресивна одбрана, рече Докузовски.

 

 

Како што додаде, клубот остана должен подобар пласман, на публиката која упорно ги бодреше од трибините во текот на целата измината сезона.

– Кумановската публика многу добро ја знае кошарката, треба да ужива на овие натпревари, мислам дека малку им останавме должни минатата година, вели Докузовски.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Општина Куманово распиша конкурс за избор на сувенир на градот за 2026 година

 

 

Тимот моментално има потреба уште од еден висок играч, а како што вели Докузовски, преговорите се при крај, и покрај тоа што таков профил на играчи е ограничен на слободниот пазар.

 

 

Освен Докузовски кој ќе биде шеф на стручниот штаб, на тренерската позиција ќе биде и Љупчо Малинков, Ненад Стојановски останува претседател на клубот, а Андреја Маџовски спортски директор.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кумановец натепал сограѓанин, па му се заканувал со нож

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Никола Ивановски