Снежана Манев останува претседател на кумановскиот суд

Сподели со своите пријатели

Судијката Снежана Манев денеска ја потпиша свечената изјава во Судски совет со која останува на чело на Основен суд Куманово.

Loading...

Манев денеска заедно со судијката Мери Георгиевска, која ќе биде претседател на Апелациски суд Скопје, се заколнаа дека функциите ќе ги вршат законито, чесно, совесно, независно и одговорно.

Двете претходно ја извршуваа функцијата вршител на должност во овие судови.

Инаку, Снежана Манев на крајот на минатиот месец со девет гласови „за“ беше избрана за претседател на кумановскиот суд.

Довербата ѝ ја даде Судскиот совет поради нејзините одлични оцени при оценувањето.

Никола Ивановски