Сирија: Во напад на американска база, ранети двајца сириски војници

Сподели со своите пријатели

Три беспилотни летала денеска ја нападнале американската воена база во регионот Ал Танф во Сирија, но нема повредени американски војници, додека двајца Сиријци се ранети, се наведува во военото соопштение.

Loading...

Централната команда на САД објави дека биле соборени два дрона, а трет го погодил комплексот, при што биле повредени двајца членови на Слободната сириска армија (ФСА), пренесува Ројтерс.

Американската воена база Ал Танф е основана во 2016 година на местото каде што се вкрстува сириската граница со Јордан и Ирак, а административно припаѓа на Хомс, најголемата провинција во Сирија.

Пред 2016 година, областа околу базата беше под контрола на терористичката организација „Исламска држава“, која силите на меѓународната коалиција предводена од Вашингтон ја протераа од ова подрачје.

Оттогаш, САД го користат како база за обука на сириските опозициски милиции.