Во експлозијата што се случи синоќа на Крим, уништени се руски ракети кои биле транспортирани со железница, соопшти украинското Министерство за одбрана.
Рускиот шеф на градот Џанкој изјави дека областа била нападната со беспилотни летала.
Киев објави дека ракетите биле наменети за руската Црноморска флота, пренесува Нова.рс.
„Експлозија во градот Џанкој во северниот дел на привремено окупираниот Крим ги уништи руските крстаречки ракети „Калибр-КН“ при транспорт по железница“, објавија тие.
Калибр се проектили дизајнирани да бидат лансирани од бродови на руската Црноморска флота и имаат оперативен дострел од повеќе од 2.500 километри на копно и 375 километри на море.
Доколку се потврди, тоа би бил редок напад на украинската армија врз Крим, кој е анектиран од 2014 година, јавува Би-Би-Си.
„Експлозиите го продолжуваат процесот на демилитаризација на Русија и го подготвуваат украинскиот полуостров Крим за деокупација“, се вели во соопштението на украинското Министерство за одбрана.
Русија: Едно лице повредено, неколку згради оштетени
Потсетуваме, едно лице е повредено синоќа во напад со дрон на градот Џанкој на Крим, изјави шефот на управата на Крим назначен од Русија, Сергеј Аксјонов.
Ихор Ивин, шеф на градската управа назначен од Русија, рече дека 33-годишен маж бил пренесен во болница откако се здобил со повреди од шрапнел од соборен дрон.
Според него, животот на повредениот не е во животна опасност.
Ивин не спомна дека биле оштетени воени цели, но како што навел на Телеграм, во нападот биле оштетени повеќе предмети.
Тој додаде дека е активирана противвоздушна одбрана, пренесува РИА Новости.
Russian cruise missiles “Kalibr NK” were destroyed in Dzhankoi, Crimea, during their transportation by rail – @DI_Ukraine
It is reported that this video is from Dzhankoi. The voice says it’s the train station area. pic.twitter.com/9UXMe2aKNR
— Anton Gerashchenko (@Gerashchenko_en) March 20, 2023
Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.