Силна експлозија го стресе Рим, ја регистрираа и сеизмографите (ВИДЕО)

Сподели со своите пријатели

Неколку лица се повредени, меѓу кои и тројца со тешки изгореници, по експлозија на бензинска пумпа во источен Рим во петокот, објавија италијанските медиуми.

Loading...

 

 

Според извештаите, силна експлозија се случила на станица за дистрибуција на бензин, дизел и течен нафтен гас (LPG) на улицата Виа деи Гордијани, а детонацијата се слушнала низ целиот главен град на Италија, објавува Ројтерс.

 

 

Loading...

 

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Кина: Обилни дождови во покраината Сечуан, пет лица се водат како исчезнати

Порталот „Рома тудеј“ објави фотографија на која се гледа голем облак од чад и оган што се издига високо над бензинската пумпа.

Поради безбедносни причини, агенцијата за јавен превоз во Рим, Атак, ја затвори блиската метро станица Теано, според полициските наредби.

 

 

 

Експлозијата била толку моќна што дури била снимена и од сеизмографи.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Индија: Се урна дел од мостот над реката Махисагар, при што загинаа девет лица