Силен земјотрес од 7 степени го погоди Вануату

Сподели со своите пријатели

Земјотрес со јачина од седум степени според Рихтеровата скала е регистриран во близина на брегот на Вануату во јужниот дел на Пацификот, соопшти Американскиот геолошки институт.

Loading...

Земјотресот се случил утринава во 04:47 часот по локално време во близина на брегот на Вануату, а бил на длабочина од 10 километри.

Нема информации за евентуални жртви или материјална штета.