Си: Да се спречи мешање на странски сили и обоената револуција

Сподели со своите пријатели

Кинескиот претседател Си Џинпинг денеска најави дека во следните пет години Пекинг ќе спроведе обука за 2.000 полицајци од земјите членки на Шангајската организација за соработка (ШСО), со цел да се подобри соработката и заедничките безбедносни интереси.

Loading...

Во своето обраќање на самитот на ШОС во Узбекистан, Си рече дека земјите треба да работат за да ги спречат странските сили да поттикнуваат „обоени револуции“ и го повтори повикот до сите земји да престанат со „игрите со нулта сума и блок-политиката“, пренесува Ројтерс.

Тој, исто така, ги повика сите земји да се приклучат на „Глобалната безбедносна иницијатива“ предложена од Кина.

За време на вчерашниот разговор со рускиот претседател Владимир Путин, на маргините на самитот на Шангајската организација за соработка, Си рече дека Пекинг е подготвен заедно со Москва да го води светот што се менува на патот на одржливиот развој.