Шведска и Финска влегуваат во НАТО за неколку месеци?

Сподели со своите пријатели

„Шведска и Финска би можеле да станат членки на НАТО уште ова лето“, пишува лондонскиот дневен весник Тајмс, повикувајќи се на свои извори.

Loading...

Според весникот, се очекува Финска прво да поднесе барање за членство во јуни, а потоа и Шведска.

 

Анкара размислува да купи руски ловци Су-57

 

Според извори на ТАСС, владите на Шведска и Финска соработувале за да постигнат консензус за ова прашање, но конечната одлука ќе ја донесе независно секоја земја.

Претходно турскиот министер за надворешни работи Мевлут Вуавушоглу навести дека е можно членство на Шведска и Финска во НАТО, што подоцна стана една од најважните теми на состанокот на министрите за надворешни работи на НАТО што се одржа од 6 до 7 април во Брисел.