Швајцарија: Затворен најдолгиот тунел во светот, 16 вагони излетаа од шините

Сподели со своите пријатели

Тунелот Алптранзит Готард во Швајцарија, најдолгиот во светот, ќе биде затворен неколку месеци, соопштија властите, откако минатата недела 16 швајцарски товарни вагони излетаа од шините и уништија осум километри пруга.

Loading...

Патниците кои го користат возот за да патуваат меѓу северниот дел на Швајцарија и нејзиниот најјужен дел ќе мора да бараат алтернативен превоз, пишува лондонски Гардијан.

Шеснаесет вагони кои излетаа од шините во тунелот Готард долг 57 километри се уште се заглавени во тунелот, нема повредени, но причинета е голема штета, соопштија од Швајцарската железница.

Овој тунел е клучна транспортна рута за стоки и товар, особено меѓу Германија на север и Италија на југ.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  COP29: Градовите во Кина и САД испуштаат најмногу стакленички гасови

Во 2022 година, повеќе од две третини од железничкиот товарен сообраќај низ Алпите ќе минува низ тунелот Готард, според швајцарската влада, пренесува Танјуг.