Швајцарија: Пожарникарите се обидуваат да локализираат пожар на Алпите

Сподели со своите пријатели

Пожарникарите се уште се борат со шумскиот пожар на швајцарските Алпи, кој од вчера вечерта беснее во областа От Вала, блиску до границата со Италија.

Loading...

Речиси 200 луѓе и неколку хеликоптери учествувале во обидот за гаснење на пожарот, откако огнот брзо се проширил во текот на ноќта на една планина во областа Бич, јавува Би-Би-Си.

Локалната полиција сподели фотографии од пожарот што во раните утрински часови го зафати блиското село, но се чини дека огнот оттогаш стивна.

Сепак, од шумите сè уште може да се видат големи облаци од чад, а властите предупредија дека може да бидат потребни денови или дури недели за целосно да се изгасне пожарот.

Многу локални жители беа евакуирани, додека на оние кои се уште се дома им беше препорачано да ги држат прозорците затворени за да се спречи загадувањето да влезе во просториите, пренесува Танјуг.