Што вели Декларацијата од самитот на НАТО во Вашингтон за Западен Балкан?

Сподели со своите пријатели

На самитот во Вашингтон, лидерите на НАТО усвоија заедничка декларација во која, меѓу другото, се наведува дека НАТО останува силно посветен на безбедноста и стабилноста на регионот на Западен Балкан, кој е „од стратешко значење за Алијансата“.

Loading...

„Ќе продолжиме да го подобруваме политичкиот дијалог и практичната соработка со Западен Балкан со цел да ги поддржиме реформите, регионалниот мир и безбедност и да се спротивставиме на малигните влијанија, вклучувајќи дезинформации, хибридни и сајбер закани, претставени од државни и недржавни актери“, се наведува во текстот усвоен синоќа.

Се додава дека демократските вредности, владеењето на правото, домашните реформи и добрососедските односи се од витално значење за регионалната соработка и евроатлантските интеграции и дека се очекува континуиран напредок на овој план.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Блинкен: На Иран му требаат до две недели да произведе материјал за нуклеарно оружје

Во декларацијата, исто така, се наведува дека НАТО останува посветен на континуиран ангажман на Западен Балкан, вклучително и преку Косовските сили (КФОР) што ги предводи.

На самитот во Вашингтон, лидерите на земјите-членки ветија дека ќе продолжат да ја поддржуваат Украина на „неповратниот пат кон целосна евроатланска интеграција, вклучително и членство во НАТО“ и најавија помош за таа земја од 40 милијарди евра во текот на следната година, и ја повика Кина да престане да ја поддржува Русија во војната против Украина.