Пред неколку години многу здравствени организации предупредија за високите нивоа на холестерол во јајцата (поточно во жолчката), поради што многу луѓе почнаа да го избегнуваат овој производ.
Вистината е дека јајцата се доста корисни и треба да бидат вклучени во вашата исхрана, објаснува во блогот најпопуларниот фитнес инструктор и блогер Валентин Босиок.
Масло од лук при проблеми со зглобовите
Јајцата се меѓу најдобриот извор на протеини и му го обезбедуваат на телото целиот пакет од аминокиселини потребни за изградба на мускули и за обновата на оштетените ткива.
Повеќето луѓе се свесни за овој факт, но се загрижени во врска со содржината на холестерол во жолчката.
Ова објаснување најверојатно ќе ги смири: во еден жолчка има 180 мг холестерол, а црниот дроб секојдневно преработува меѓу 1000 и 2000 мг.
Кога јадете повеќе храна богата со холестерол, тој се прилагодува и започнува да работи на повисоки вртежи.
6 хронични болки, кои единствено се должат на нервна база
Во исхраната јајцата содржат и високо количество од добриот холестерол HDL кој е важен за луѓето кои страдаат од кардиоваскуларни болести. Овој холестерол ги отпушува артериите и го намалува ризикот од срцев удар.
Што се случува со вашето тело ако внесете помалку сол?
Јајцата исто така содржат многу витамини и минерали како витамин А, D, E, K, B6, калциум, селен, фосфор и цинк. Па не се двоумете да вклучите во менито по 2-3 јајца дневно, бидејќи тие ќе му донесат на телото многу придобивки.
Истражувањата покажуваат дека јајцата се богати со лутеин – вид каротеноид, кој помага во спречување на макуларна дегенерација и го штити видот.
Тие исто така се богати со железо, што е важно за да не страдате од главоболка, замор и раздразливост.
Помага ли навистина за слабеењето водата со лимон?
Потрошувачката на јајца може да го намали ризикот од рак на дојка за 24% и помага во реконструкцијата на коските и зглобовите (благодарение на витаминот D).