Што ги прави богатите посреќни од останатите, а не се парите?

Сподели со своите пријатели

Велат дека парите не можат да купат среќа, но сега научниците откриле врска помеѓу богатството и задоволството. Со други зборови, колку сте побогати, толку е поголема веројатноста да бидете позадоволни со вашиот живот.

Loading...

Како и да е, дали тоа е затоа што милионерите имаат повеќе пари да купат работи што сакаат или е тоа заради намалувањето на стресот што доаѓа со финансиска стабилност?

Една неодамнешна студија спроведена од истражувачи од САД и Холандија откри дека задоволството зависи од тоа на кој начин богатите луѓе одлучуваат да го поминат своето време.

Излегува дека додека иако милионерите исто така го троѓат своето време како што прават „обичните смртници“, меѓу двете групи има клучни разлики.

Истражувачите од универзитетот Мастрихт и деловните училишта во Врие и Харвард анкетирале 863 богати и 1.232 лица со пониски приходи кои одговориле на прашања за задоволство во нивните животи и како ги поминале последните 24 часа.

Од нив било побарано да одговорат колку време потрошиле во нивните дневни активности, како што се готвење, одмори, социјални обврски, хоби и слично.

Интересно е што се најде мала разлика во начинот на кој двете групи го поминуваат своето време.

На пример, и двете групи поминале скоро иста количина на време во рекреативни активности, на работа и со користење на мобилен телефон и компјутер. Сепак, според Форбс, имало некои клучни разлики.

Loading...

Иако милионерите и немилионерите уживаат во иста количина на слободно време, богатите биле поактивни на одмор (дружење, вежбање, хоби, волонтирање), додека оние со пониски приходи биле поактивни во пасивни активности (гледање телевизија, дремење, легнување).

Авторите откриваат дека поактивниот одмор  им дава поголемо задоволство во животот.

– Времето поминато на активен одмор е позитивно поврзано со задоволството во животот на милионерот, додека пасивниот одмор е негативно поврзан со него. Интересно е што, слични резултати може да се забележат кај општата популација, во кои активните одмори се исто така позитивни и пасивни се негативно поврзани со задоволството од животот – посочија тие.

Друга клучна разлика има врска со видот на работата што ја вршат милионерите или немилионерите. Истражувачите откриле дека, во просек, милионерите се повеќе склони да го поминуваат своето време на активности што нудат лична автономија, односно работа што ќе изберат сами да ја вршат, наместо да ги следат насоките на другите. Исто така, тоа било поврзано со поголемо задоволство во животот.

– Изненадувачки, откривме дека милионерите го поминуваат своето време на слични начини како општата популација. Сепак, тие поминуваат поактивен одмор и уживаат поголема деловна автономија од општата популација, што се два аспекта кои се позитивно поврзани со задоволството од животот – заклучија авторите.

Leave a Reply