Вчера во просториите на Општина Куманово бил одржан состанот на општинскиот штаб за заштита и спасување на кој присуствувале секретарот на Општина Куманово Валентина Алексовска, командирот на ТППЕ – Куманово Деан Илиевски, началникот на СВР Куманово Игор Митевски.
На состанокот поканети биле и претставници од Дирекцијата за заштита и спасување – Одделение Куманово, Регионалниот центар за управување со кризи Куманово и Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство – Куманово меѓутоа истите не се појавиле на состанокот.
На дневниот ред на состанокот се разгледувале информации со состојбата со речните корита на теритирија на Општина Куманово, како и одлука за превземање на понатамошни мерки во врска со поплавите.
Учесниците во дискусијата истакнаа дека на ден 13.03.2016 година ги имаат посетено сите критични точки на речните корита и моментално водата е повлечена во своите речни корита. Воглавно од излевањето на речните корита е поплавено земјоделско земјиште. Реките во градежниот реон на Општина Кумнаово се немаат излеано од своите речни корита при последните врнежи.
По завршување на расправата Општинскиот штаб за заштита и спасување ги донел следните заклучоци:
-
Се препорачува на Општина Куманово по намалување на нивото на водата да продолжи со превентивно чистење на речните корита на критичните точки.
-
Се препорачува на ЈП „Кумановско Липковско поле“ да превземе активности за чистење на речните корита на критичните точки вон градежен реон.
-
Се препорачува на општинската комисија за проценка на штети да излезе на лице место и да ги утврди настанатите штети од излевање на речните корита.
-
Да се информираат граѓаните преку локалните медиуми дека Барања за претрпена штета можат да поднесуваат во период од 16.03.2016 до 21.03.2016 до 14:30 часот.
фото: архива