Германскиот канцелар Олаф Шолц повтори дека сака да биде избран за уште еден мандат следната година.
Loading...
– Како канцелар повторно ќе се кандидирам– рече Шолц на традиционалната летна прес-конференција.
И покрај лошиот рејтинг на неговата Социјалдемократска партија и владејачката коалиција, како и лошите резултати на СПД на изборите за Европскиот парламент, Шолц постојано зборуваше за неговите планови да се кандидира повторно следната година.