Европа е доволно силна за да ги оствари сопствените интереси во трговските преговори со САД, изјави германскиот канцелар Олаф Шолц по состанокот со лидерите на ЕУ.
Loading...
– Европската унија е силна. (Можеме) да бидеме сигурни дека можеме да се грижиме за нашите сопствени интереси“, рече Шолц.
Шолц, исто така, ја пофали мексиканската претседателка Клаудија Шејнбаум во врска со спорот со американскиот претседател Доналд Трамп околу воведувањето царини за производите од Мексико, пренесува Ројтерс.
Шејнбаум претходно разговараше со Трамп, по што тој објави дека се согласил да ги одложи најавените царини за еден месец.