Шојгу во Мариупол ја провери реконструкцијата на инфраструктурата

Сподели со своите пријатели

Рускиот министер за одбрана Сергеј Шојгу изврши увид во работите на реконструкција на инфраструктурата во Донбас, вклучувајќи го и градот Мариупол, и ја пофали работата на Воениот градежен комплекс, соопшти денеска руското Министерство за одбрана.

Loading...

Министерот за одбрана на Руската Федерација, армискиот генерал Сергеј Шојгу, како дел од работното патување во зоната на специјални воени операции, ја провери работата на Воено-градежниот комплекс на Министерството за одбрана на Руската Федерација на реконструкција на инфраструктурата во Донбас, се наведува во соопштението, пренесува РИА Новости.

Според информациите, Шојгу извршил увид во објектите во Мариупол кои се веќе пуштени во употреба и го проверил текот на работите на објектите во изградба.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Русија испрати над 100 дронови над Украина ноќва

На рускиот министер му беше претставен мултифункционален медицински центар изграден од воени градежници, републички спасувачки центар на Министерството за вонредни ситуации и нови станбени згради.

Шојгу бил информиран за изградба на модерен комплекс на Федералната медицинска и биолошка агенција на Русија што се гради во Мариупол и нови станбени згради, училишта и градинки.

Како што се наведува во соопштението, Шојгу високо ја оценил работата на Воениот градежен комплекс и им се заблагодарил на воените градежници вклучени во реконструкцијата на инфраструктурата во Донбас.

Мариупол е град на истокот на Украина кој беше заземен од руските сили во април минатата година по тешките борби со украинските војници, во кои градот беше речиси целосно уништен.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  „Њујорк тајмс“: Европа сака, но не може да ѝ помогне на Украина

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.

Loading...