Шојгу одговори на барањето за помош на Ерменија

Сподели со своите пријатели

Министрите за одбрана на Ерменија и Русија, Сурен Папикјан и Сергеј Шојгу во телефонски разговор се договориле да преземат мерки за стабилизирање на ситуацијата на ерменско-азербејџанската граница, соопшти ерменскиот воен оддел.

Loading...

„Министерот за одбрана на Ерменија на својот руски колега му ја претстави ситуацијата што настана како резултат на големата агресија на Азербејџан на суверената територија на Ерменија. Папикјан и Шојгу се согласија да ги преземат неопходните чекори за стабилизирање на ситуацијата“, беше објавено на веб-страницата на ерменското Министерство.

Истовремено, азербејџанските медиуми јавуваат дека Баку и Ереван постигнале договор за прекин на огнот од 9:00 часот по локално време.

Претходно Ереван објави дека азербејџанската армија ја таргетирала територијата на Ерменија со употреба на артилерија и беспилотни летала. Соопштено е дека има мртви и ранети.

Од друга страна, Баку ја обвини Ерменија дека ја нападнала азербејџанската војска на границата.