Египет ги ублажува мерките: Меѓународни летови од први јули

Сподели со своите пријатели

Од 1 јули Египет ќе дозволи меѓународни летови и пристигнување на странски туристи во одморалиштата кои најмалку се погодени од пандемијата, објавија официјалните лица на оваа земја.

Loading...

Странските туристи ќе можат да го посетат југот на Синајскиот Полуостров, каде се наоѓаат познатите одморалишта Сарм ел Сеик и Дахаб, областа по Црвеното Море позната по Хургада и Мерси Алам, како и Мерса Матрух на медитеранскиот брег, објави Ројтерс.

Се враќа животот во Грција: Еден од најубавите острови преполн со туристи (ВИДЕО)

Египет исто така најавува олеснување на уште некои мерки во наредните две недели, како што е скратување на полицискиот час кој е на сила во текот на ноќта за еден час, додека продавниците ќе можат да работат еден час подолго.

Од 1 јули, со ова може да се дозволи отворање џамии во оние области кои бележат мал број заразени, а се разгледува можноста за одржување испити на крајот на учебната година за учениците во последните години од средното училиште кон крајот на овој месец.

Јавните плажи и парковите ќе останат затворени до крајот на јуни.

Само десетина земји во светот ги отвораат границите за туристи

Во Египет 38.284 лица биле заразени со коронавирус од почетокот на епидемијата, додека 1.342 пациенти починале како резултат на инфекцијата. Во последните две недели, бројот на нови случаи на ковид 19 во оваа земја со околу 100 милиони жители надминува илјада.

Loading...

Leave a Reply