Отсек за превенција денеска со Полициска станица за безбедност на патишта спроведе активност како потсетување на возачите за непочитување на брзина на патишта, со што сторуваат кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“.

Од страна на полицијата, на возачите им беше укажано дека секој возач кој во населено место ќе ја надмине пропишаната брзина според сообраќаен знак над 50 км на час, додека надвор од населено место над 70км од пропишаната брзина, се сторители на кривично дело „Безобѕирно управување со моторно возило“ од Кривичен закон и во тој случај против возачот се поднесува кривична пријава.

За возачите кои управуваат моторно возило, а имаат активна забрана, или немаат возачка дозвола, се поднесува кривична пријава за „Безобѕирно управување и возилото се одзема.

Началникот на Отсек за превенција М-р Лиле Младеновска, упати апел до сите возачи да се придржуваат до законски предвидени норми пропишани според Кривичен закон и Закон за безбедност на патен сообраќај, најстрого да се придржуваат и ги следат сообраќајните знаци и пропишаната брзина, да не користат телефон додека се зад воланот, да користат заштитен појас, како би се избегнале сообраќајни незгоди кои се случуваат и избегната тешки повреди со последици по живот на возачот и сопатниците.


Никола Ивановски

