Грција ќе го плати сместувањето на туристи кои ќе заболат од коронавирус

Сподели со своите пријатели

Грција ќе плати сместување за туристите кои ќе бидат позитивни за коронавирусот за време на нивниот престој во таа земја, изјави во понеделникот портпаролот на грчката влада Стелиос Петсас.

Loading...

„Тие ќе бидат сместени во хотел, а трошоците ќе ги сноси државата Грција“, додаде тој, јавуваат грчките медиуми.

Грција ќе ги тестира оние кои доаѓаат од ризични аеродроми

„Го правевме тоа во минатото и ќе продолжиме да го правиме тоа“, им рече тој пред новинарите.

Петсас додаде дека Грција плаќа за сместување за оние што дошле во таа земја и мораат да останат во карантин, бидејќи Грција ги затвори своите граници.

„Илјадници луѓе поминаа низ карантинскиот процес“, истакна тој и потсети дека тестовите за Ковид 19 се прават на меѓународниот аеродром во Атина, а посетителите остануваат во хотелот една ноќ додека не пристигнат резултатите од тестот.

Најбезбедната плажа во Европа се наоѓа во Грција

Потоа, како што рече, во зависност од резултатите од тестот на вирусот, туристите можат да останат во седумдневен карантин или под строг надзор 14 дена, доколку се позитивни.

Loading...

„Ќе продолжиме со оваа практика, со една разлика. Очекуваме далеку помал број случаи и се надеваме дека нема да има, затоа што епидемиолошките циклуси се движат надолу во европските земји, од каде очекуваме туристи“, рече портпаролот на грчката влада.

„Нашата цел е да обезбедиме максимална безбедност за локалното население и туристите“, истакна Петсас.

Земјите кои ќе ви платат да одите на одмор кај нив

Сепак, тој не разјасни дали, покрај сместувањето, Грција ќе плати и храна и лекови за туристите позитивни на Ковид 19.

Од 15 јуни Грција отвара границите за туристи од 29 земји, а не е потребен негативен тест за коронавирус за влез во земјата, ниту е потребен карантин.

Сепак ќе има случајно тестирање на оние кои ја преминуваат границата.

Сакате да патувате летово? Ова се мерките за безбедност на ЕУ!

Leave a Reply