Само десетина земји во светот ги отвораат границите за туристи

Сподели со своите пријатели

Само три проценти од туристичките дестинации во светот полека се отвараат кон странските гости. Околу 75% од туристичките дестинации сè уште се целосно затворени не само за странците, туку и за домашните посетители.

Loading...

Најтешка е ситуацијата на американскиот континент, каде што 86% од туристичките места се ставени во карантин. Колку е поважен туризмот за националната економија, толку е поголема претпазливоста, пренесува Светската организација за туризам.

Грција ќе го плати сместувањето на туристи кои ќе заболат од коронавирус

Според новите истражувања на Светската туристичка организација (СТО), на почетокот на јуни, само три проценти од туристичките дестинации ги започнале подготовките за пристигнување на странски туристи.

Истражувањето опфатило 217 туристички дестинации во светот, од кои само десетина започнале да ги ублажуваат мерките за пристигнување на гости од други земји.

75% од туристичките дестинации сè уште се целосно затворени, не само за странските, туку и за домашните туристи. Околу 40 проценти од нив биле под карантин десетина недели, додека една четвртина е недостапна за туристите веќе 14 недели или повеќе.

Грција ќе ги тестира оние кои доаѓаат од ризични аеродроми

Карантинот најмногу попушта во Азија

Loading...

Иако олабавувањето на мерките во светот се разликува според здравствената состојба, сликата во туризмот е многу слична. Практично, во сите региони во светот, повеќе од две третини од туристичките дестинации се затворени.

Најтешка е ситуацијата на американскиот континент, каде што 86% од туристичките дестинации се целосно затворени, во Европа 74% од нив се под целосен карантин, а истиот процент е забележан и во Африка. На Блискиот исток 70% од туристичките места се затворени, додека најмалку од нив (67%) има во Азија и Пацификот.

Исто така, на многу дестинации во светот, и натмау се забранети патувања во внатрешноста на земјата, суспензиите на авио летовите, задолжителната самоизолација и карантин на оние што доаѓаат од друга земја сè уште се во сила.

Најбезбедната плажа во Европа се наоѓа во Грција

Колку е поважен туризмот, толку е поголема претпазливоста

Најновиот извештај на Светската организација за туризам посочува дека колку е поважен туризмот за националната економија, толку е поголема претпазливоста во преземените мерки за борба против ширењето на коронавирусот, вклучително и сè уште целосно затворените граници.

Ова е логично, имајќи предвид дека можните неуспеси можат дополнително да ги уништат шансите за закрепнување за уште подолг период.

Земјите кои ќе ви платат да одите на одмор кај нив

Loading...

Затоа експертите на СТО ги повикуваат владите, заедно со приватниот сектор, покрај финансиската поддршка за закрепнување на туризмот и угостителската индустрија, да направат планови кои ќе овозможат здравствена превенција и полека враќање на туристичките дестинации во живот.

Leave a Reply