Шест намирници за природна боја за велигденските јајца

Сподели со своите пријатели

Модерните домаќинки се повеќе се одлучуваат за традиционалниот начин за бојадисување на јајцата со природни бои.

Loading...

Многу намирници како овошјето, зеленчукот или зачините при готвењето пуштаат боја, а доколку на таа боја додадете оцет, ќе добиете вистинска фарба за јајца.

Покрај традиционалната црвена боја, на овој начин можете да ги бојадисате во различни бои и нијанси. Ви откриваме како да направите природно зелена, сина и виолетова боја.

Сината боја се добива од боровинка или сок од боровинки, од лист црвена зелка и цвет црн слез. Портокаловата боја се добива од сок од боровинки или сок од грозје, додека зелената се прави од спанаќ. 

Јајцата се фарбаат на природен начин така што шолја исечкан зеленчук, вода или зачин треба да сипете во шолја вода. Оваа сместа гответе ја на лесен огин, оставете до зоврие, па симнете по половина час. Бојата треба да биде потемна за неколку нијанси од бојата во која сакате да ги бојадисате јајцата.

Ако сте задоволни со бојата, оставете да се смлачи на собна температура, а потоа во бојата додадете и една лажица оцет. Јајцата ставете ги во шерпа или тегла, потопете ги во бојата.

Држете ги јајцата во боја во фрижидер се додека не се бојадисаат, потоа исушете ги, премачкајте со масло и украсете со цвеќе или листови.

Leave a Reply