Шест лица приведени на ГП Табановце поради питачење

Сподели со своите пријатели

Поради питачере вкупно шест лица биле приведени вчера на Граничниот премин Табановце, на возраст меѓу 27 и 41 година.

Loading...

– На 23.03.2025 во 10.30 часот, полициски службеници од СВР Куманово, во соработка со Центарот за социјални работи Куманово, при питачење на Граничен премин Табановце ги затекнале Т.Џ.(41), Д.М.(33), Е.М.(29), Б.С.(32), А.С.(28) и С.А.(27), сите од Куманово, информираат од Секторот за внатрешни работи.

Како што додаваат од полицијата, тие биле приведени во полициска станица и по целосно документирање на случајот против нив ќе биде поднесен соодветен поднесок.

Никола Ивановски

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Димитриевски организираше ифтарска вечер во чест на Рамазан (ФОТО)