Шангајскиот Дизниленд во карантин, заробени 60.000 луѓе

Сподели со своите пријатели

Посетителите на забавниот парк Дизни во кинескиот град Шангај останаа заробени во паркот откако властите и управителите на паркот воведоа вонредно затворање поради коронавирусот, пренесува N1.

Loading...

На социјалните мрежи се појавија видеа од луѓе кои наводно брзаат кон заклучените врати на тематскиот парк во обид да побегнат од карантин, пренесува Дневник.хр.

Во моментот на затворање, во паркот имало околу 60.000 луѓе.

Локалната самоуправа најави дека на сите луѓе им е забранет влез и излез од паркот, а оние кои ќе останат заробени мора да бидат тестирани и да покажат негативен резултат доколку сакаат да го напуштат.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Вештачката интелигенција се заканува на осум милиони работни места во Британија

Слично сценарио се играше и претходно. Во ноември минатата година, повеќе од 30.000 посетители беа заробени во паркот кога властите наредија тестирање.