Северна Кореја ја завршува годината со лансирање балистички ракети

Сподели со своите пријатели

Северна Кореја истрела три балистички ракети со краток дострел кон морето источно од Корејскиот полуостров, соопшти војската на Јужна Кореја.

Loading...

Оваа информација доаѓа пет дена откако Северна Кореја испрати беспилотни летала во јужнокорејскиот воздушен простор за прв пат од 2017 година.

Северна Кореја лансираше повеќе проектили оваа година од кога било досега. Вашингтон рече дека најновите ракетни лансирања не претставуваат непосредна закана за САД или нивните сојузници.

Тешка провокација

Три балистички проектили со краток дострел биле истрелани околу 8 часот по локално време, јужно од главниот град Пјонгјанг, соопшти началникот на здружениот генералштаб на Јужна Кореја.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Стармер: Се надевам на мир во светот, особено на Блискиот Исток

– Лансирањето балистички ракети од страна на Северна Кореја е сериозна провокација што ги поткопува мирот и стабилноста на Корејскиот полуостров, како и меѓународната заедница – додаваат тие.

Ракетите прелетале околу 350 километри, соопшти јужнокорејската војска. Јапонската крајбрежна стража претходно соопшти дека еден проектил паднал во морето.

Влошени односи

Војската на Јужна Кореја неделава се извини што не соборила пет беспилотни летала што Северна Кореја ги прелетала преку нивната заедничка граница.

Сеул испука предупредувачки истрели и испрати авиони и нападни хеликоптери за да го соборат леталото, од кои еден леташе блиску до главниот град.

Loading...

Претходно овој месец, САД и нивните азиски сојузници воведоа санкции за тројца високи севернокорејски функционери поврзани со неодамнешните ракетни тестови на земјата.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Драма на летот: Патници се гушеa во авион, бараа итно слетување! (ВИДЕО)

Односите меѓу Северна и Јужна Кореја се влошија откако конзервативната влада на јужнокорејскиот претседател Јун Сук-Јол ја презеде функцијата во мај, ветувајќи построг став кон Пјонгјанг.