Северна Кореја ги критикуваше САД поради договорот што Вашингтон го постигна со Австралија за снабдување со нуклеарни подморници како дел од партнерството Aukus потпишано во 2021 година, велејќи дека тоа претставува „закана за регионалниот мир“, објави севернокорејската новинска агенција KCNA.
Пјонгјанг изјави дека САД ја гледаат Северна Кореја како пречка за воспоставување „американска хегемонија во регионот“ и дека ќе одговорат на какви било американски провокации.
Австралија ја направи првата исплата од 500 милиони долари на Вашингтон за набавка на нуклеарни подморници според договорот Аукус.
Според договорот, Австралија ќе плати 3 милијарди американски долари за зајакнување на капацитетот за производство на нуклеарни подморници, а Вашингтон ќе ѝ испорача неколку такви подморници на Австралија на почетокот на 2030-тите, објави Ројтерс.
Министерството за одбрана на Јужна Кореја денеска објави дека се одржува заедничка воздушна воена вежба со Соединетите Држави за да се демонстрира проширени способности за одвраќање како одговор на заканите од Северна Кореја.
Пјонгјанг ги критикува заедничките воени вежби на САД, Јужна Кореја и Јапонија, велејќи дека тие ги зголемуваат тензиите на Корејскиот полуостров, пренесува Танјуг.
Обединетото Кралство, Соединетите Американски Држави и Австралија го склучија безбедносниот пакт Аукус во 2021 година, кој предвидува соработка меѓу војските на трите земји.