Денеска е последниот ден во кој граѓаните на Куманово ќе можат да го користат јавниот автобуски превоз без плаќање билети.
Утре завршува мерката за субвенционирање на општинскиот линиски превоз во Куманово, со која во изминатите три и пол години граѓаните можеа да го користат јавниот превоз без директно плаќање на билет.
Од Општина Куманово информираат дека од утре, 1 јули 2026 година, повторно ќе се применува редовниот систем за наплата на билети во општинскиот линиски превоз.
Цената на билетите ќе се наплаќа согласно Одлуката на Советот на Општина Куманово, со што завршува периодот на субвенциониран превоз кој беше воведен како мерка за поддршка на граѓаните.
Никола Ивановски

