Убавите гестови никогаш не се доволни! Социјалните мрежи беа преплавени со видео на кое се гледа трансформацијата на бездомник кој долго време не се капел.
Со прилично занемарен изглед, со несредена коса и брада, човекот ја прифатил понудата на Џошуа Сантијаго, фризер кој сакал да го промени неговиот изглед.
Фризерот сретнал бездомник на улица и решил да му ја понуди неговата услуга за да се чувствува подобро и да изгледа подобро.
Трансформацијата ги запрепасти корисниците на социјалните мрежи и судејќи по коментарите, сите се согласуваат во едно, а тоа е дека сега изгледа 20 години помладо!
„Секој заслужува да се чувствува добро и среќно за себе“, напиша фризерот на својот профил на ТикТок во видеото на кое се гледа како бездомникот седи на столот.
@empoweringcuts Positive energy knows no boundaries. If everyone were to spread positive energy on the internet, the world would be a much better place. 💜 #homelesslivesmatter #fyp #gooddeeds #freehaircuts #love ♬ Sad Emotional Piano – DS Productions
Џошуа решил да му ја скрати огромната брада и коса, а конечниот резултат е за пофалба!
Во друго видео тој покажа како изгледа мажот без брада и уредна фризура.
Она што е интересно е дека бездомникот избрал што сака, а фризерот истакнува дека неговото правило е „да им го даде на муштериите тоа што го побарале“.
Коментарите беа неизбежни. „Човеку, колку е убав сега!“, „Не ми се верува дека изгледа буквално 20 години помладо“, „Каква разлика прави фризурата и брадата, тоа е нереално“, „Ти благодарам за гестот, ова е прекрасно“ , „Сега изгледа како кул лик од игра“, се вели во коментарите.
@empoweringcuts Everyone deserves to feel good about themselves! ♥️ #foryoupage #homelessman #transformation #confidence #freehaircut ♬ original sound – THADDEUS