Седум години по Исламската држава, Мосул повторно е безбеден град

Сподели со своите пријатели

Едноставниот чин на полевање цвеќиња на улица во стариот дел на Мосул го поттикна Сакр Закарија да застане и да размисли како неговиот град е повторно безбеден откако беше ослободен од милитантите на Исламската држава во 2017 година.

Loading...

„За момент помислив „каде сум?“ – рече Закарија, кој го напуштил градот во 2005 година… но се вратил во 2018 година за да го отвори културниот центар Баитно, во време кога илјадници мртви сè уште беа под урнатините.

„Се чувствуваме побезбедни отколку кога било во изминатите две децении“

Џихадистичката група прогласи калифат во џамијата Ал Нури откако го освои Мосул пред една деценија.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија

Таму наметнаа екстремна форма на ислам, убиваа малцински групи, ја забранија музиката и уништуваа археолошки локалитети.

Лавиринтот од улички во стариот град на западниот брег на Тигар стана место на секојдневни егзекуции, киднапирања и други злосторства.

И покрај политичките борби, обвинувањата за корупција и одложувањата во реконструкцијата, животот се враќа на двете страни на реката.

Повеќе од дваесетина луѓе кои разговараа со новинар на Ројтерс за време на четиридневната посета, рекоа дека денес се чувствуваат побезбедно отколку во кое било време во изминатите две децении.

„И покрај сè, Мосул останува културен, цивилизиран град“

„Животот се состоеше од јадење, спиење и заклучување на вратата за да не бидете киднапирани, убиени или кренати во воздух“, раскажува Закарија.

Loading...
ПРОЧИТАЈТЕ И:  Трансродова ќерка му одговори на Маск: Не си мој татко, се сеќавам на суровоста, прекорот и карањето

Неговата фондација стана водечка атракција за домашни и странски посетители, вклучувајќи го и францускиот претседател Емануел Макрон во 2021 година.

За време на интервјуто за новинската агенција, еден старец влегол во дворот на центарот и се расплакал додека ги гледал фотографиите изложени на ѕидот кои ја прикажуваат интелектуалната и културната елита на градот од подобри времиња.

„Тоа е Мосул“, рече Низар ал Хајат, пензиониран директор на училиште.

„И покрај сè, тој останува културен, цивилизиран град“.

Локалните власти и жителите велат дека ќе биде потребно долго време за да се ослободи Мосул од наследството на Исламската држава.

Градот и по седум години од ослободувањето е полн со урнатини. Но, мостовите се обновени, рестораните се отвораат и повторно се слуша музика.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ЕУ доби прво барање да одобри продажба на месо одгледувано во лабораторија