Се одложува почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во кошаркарската лига

Сподели со своите пријатели

Раководството на Кошаркарската Федерација на Северна Македонија (КФСМ) донесе одлука за одложување на почетокот на натпреварувачката сезона 2020/2021 во Прва лига-мажи, кој првично беше предвиден да биде овој викенд, 10 и 11. октомври.

Loading...

Ова доаѓа поради целокупната епидемиолошка ситуација во земјата и фактот дека бројот на ново заболени секојдневно се зголемува, соопштија од КФСМ.

– Во очекување на комплетните резултати од PCR тестирањето за корона вирусот кое го спроведуваме, а со кое беа опфатени сите клубови од Првата лига-мажи, како и официјалните лица, а поради неможноста да се предвиди временската рамка во однос на евентуалниот почеток на првенството, во овој момент не може да се гарантира дека започнувањето на националниот шампионат би имал регуларен тек. Во наредниот период, федерацијата ќе ја следи состојбата во нашата држава од здравствен аспект. Во консултации со Комисијата за заразни болести и Институтот за јавно здравје, ќе биде донесена одлука за почетокот на натпреварите од Првата лига-мажи, соопштија од Федерацијата.

Влатче Зорба

Leave a Reply