Во тек е бекатонирање на улица „Божидар Мицковиќ“, објави денеска градоначалникот на Општина Куманово Максим Димитриевски.
Станува збор за улица која исто така е дел од програмата за изградба и рехабилитација на низа улици во градот.
Како што претходно објави Општина Куманово во текот на првите четири месеци од 2025 година, асфалтирана е површина од 6.431 метри квадратни, а бекатон е поставен на вкупно 11.743 квадрати површина.
Во меѓувреме се изградени и 600 метри атмосферска и фекална канализација, како и три детски катчиња.
Никола Ивановски