СДСМ: Груевски предизборно се сети на граѓаните на Куманово

Сподели со своите пријатели

После десет години власт, ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски, предизборно се сетија на граѓаните на Куманово, обвини СДСМ во партиско соопштение.

Loading...

За 10 години ВМРО-ДПМНЕ и Никола Груевски ништо не инвесираа во Куманово. Една од најголемите општини во Македонија е целосно заборавена од власта. Освен во виртуелниот свет на Груевски и во Куманово нема ниту една капитална инвестиција. Затоа, Владимир „дил ориентед“ Пешевски пред да бара идеи од кумановчани треба да им одговори на граѓаните каде е развојната индустриска зона и новите вработувања во Куманово? Каде е Веибо груп којашто требаше да вработи 5.600 луѓе од Куманово, Ранковце, Крива Паланка и Кратово? Денеска и Народна банка потврди дека само 8,5 милиони евра странски инвестиции влегле во Македонија во последниот квартал од оваа година. Поради Никола Груевски, Куманово се соочува со најголема миграција на младите кои спасот од лошите политики го гледаат надвор од државата. Груевски не го реши ниту проблемот со стечајните работници.

Цели 10 години Никола Груевски мислеше само на провизии, парцели на Водно, очила од 60 илјади долари, мерцедес од 600 илјади евра. Сега е доцна Груевски и Пешевски да барат идеи, се вели во партиското соопштение на СДСМ.