Радио брановите од растечката мрежа на сателити на Илон Маск ги попречуваат астрофизичките истражувања, според холандските истражувачи, како што објави Би-би-си во средата.
Новата генерација на сателити Starlink, кои обезбедуваат брз интернет ширум светот, повеќе се меша со радио-телескопите отколку претходните верзии, велат истражувачите.
Илјадници сателити во орбитата ги „заслепуваат“ радио телескопите и може да се мешаат во астрономските истражувања, според холандскиот институт за радио астрономија (ASTRON).
SpaceX, кој е сопственик на Starlink, не одговори на барањето на BBC News за коментар.
Сателитите обезбедуваат широкопојасен интернет низ целиот свет, често на оддалечени локации, вклучувајќи предизвикувачки средини како Украина и Јемен.
Би-би-си пишува дека тие се користат и за поврзување на оддалечените области на Обединетото Кралство со брз интернет.
Во 2022 година, тестовите покажаа дека Starlink може да испорача брзина на интернет четири пати поголема од просечната.
Но, астрономите велат дека тоа има своја цена.
„Секогаш кога повеќе од нив се лансираат со овие нивоа на емисија, гледаме се помалку од небото“, изјави професорката Џесика Демпси, директорка на ASTRON, за Би-Би-Си.
„Се обидуваме да набљудуваме работи како млазови кои се емитуваат од црните дупки во центарот на галаксиите. Ги проучуваме и некои од најраните галаксии, оддалечени милиони и милиони светлосни години од нас, како и егзопланетите“, рече таа, посочувајќи ги областите погодени од сателитското зрачење.
ASTRON вели дека пречки на втората генерација сателити, или V2, е дури 32 пати поголема од онаа на првата генерација.