Саше Политико заврши на Ургентен по брутален напад (видео)

Сподели со своите пријатели

Новинарот и сопственик на порталот „Мактел“, Саше Ивановски – Политико, преку неговиот портал, објави дека вечерва бил нападнат од две маскирани лица пред неговиот дом во населбата Кисела вода во Скопје.

Loading...

Напаѓачите според Ивановски носеле метални шипки и успеале во неколку наврати да го удрат по главата, при што му нанеле повреди.

Како што објаснува новинарот во аудио порака објавена на домашните портали, нападот се случил кога излегол од зградата во која живее и се упатил кон неговиот автомобил. Тој ги забележал пред да го нападнат, по што почнал да се брани со чантата што ја носел со себе.

Почнал да бега, но напаѓачите сепак успеале да му нанесат неколку удари. Од МВР потврдуваат дека случајот е пријавен во полиција и веќе е направен записник.

-Пријавено е дека бил извршен напад од страна на две до три лица, околу 21.30 часот. По нападот лицата го напуштиле местото кон пругите во близина. Направен е увид на местото на настанот , велат од МВР.

Извор: Репортер.мк

Leave a Reply