Самостојна изложба на фотографии „Планината го има последниот збор” од Бобан Стефановски

Сподели со своите пријатели

Во Национална установа Центар за култура “Трајко Прокопиев” Куманово на 12.04.(среда) 2023 година во изложбениот салон со почеток во 19.00 часот ќе биде отворена Самостојна изложба на фотографии “Планината го има последниот збор” од Бобан Стефановски

Loading...

Бобан Стефановски – планинар и планинарски водич, човекот кој се има искачено на неколку планински врвови низ светот, како и највисоките врвови и кај нас.

“Ми требаше долго време да ја поминам онаа бариера и да споделам еден мал дел од моите фотографии од моите искачувања. Како што секоја планина е убава, посебна и опасна на свој начин, така и секоја фотографија си има своја убавина и раскажува своја приказна. Секоја од фотографиите претставува одреден фрагмент, одреден момент од она на што јас сум сведок. Фотографијата ги претставува сите мои лични успеси и порази, сите битки низ кои поминувам на планина, без разлика дали се внатрешни или надворешни.”
Преку неговите фотографии тој ни покажува фрагменти од животот на планината, ќе допреме до височините и ќе ја почувствуваме магијата на недостижното кое авторот го достигнал.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  57 возачи казнети за 1ви Мај во Куманово

Изложбата ќе биде поставена до 27 април 2023 година.

Интегрално соопштение