Неделна прогноза за Куманово: Услови за дожд и пад на температурите

Сподели со своите пријатели

Времето денеска низ Македонија ќе биде променливо облачно со сончеви периоди, информираат од Управата за хидрометеоролошки работи.

Попладне ќе има повремени локални врнежи од дожд.

Наместа во јужните делови ќе има услови за нестабилност со пороен дожд, засилен ветер и појава на грмежи.

Ќе дува слаб до умерен, а долж Повардарието повремено засилен ветер од северен правец со брзина од 40 km/h.

Максималната температура ќе биде во интервал од 24 до 32 степена.

 

 

Во Куманово и околината денеска ќе имаме претежно сончево време со мала облачност.

Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Државјанка на Швајцарија била агресивна кон полицајци во Куманово

Утринската температура ќе се движи околу 10 степени, а максималната дневна се очекува да достигне 27 степени целзиусови.

Во вечерните часови се очекува зголемување на облачноста и врнежи од дожд.

 

 

Утре низ кумановско ќе имаме променливо време со услови и за сонце, но и за дожд. Ќе дува слаб до засилен ветер од северен и североисточен правец, кој на моменти ќе надминува брзина од 40 километри на час. Температурата во утринските часови ќе се движи околу седум степени, а максимумот во текот на денот ќе достигне 18 степени целзиусови.

Среда носи променливо облачно време со слаб до умерено засилен ветер од северен и североисточен правец. Утринската температура ќе падне до четвртиот степен, а максимумот во текот на денот ќе достигне 19 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  По расправија избоден 34-годишник од кумановско заврши во болница

Четврток носи сончево и стабилно време. Ќе дува слаб ветер од јужен правец, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 23 степени целзиусови.

 

 

Во петок ќе имаме облачно време со врнежи од дожд. Ќе дува слаб до умерен ветер од јужен и југостичен правец. Температурата во утринските часови ќе се движи околу девет степени, а максимумот ќе се искачи до 21 степен целзиусов.

Внежите од дожд во сабота ќе престанат и ќе имаме сончево и стабилно време. Ќе дува слаб до умерен ветер од север и северзапад, а температурата ќе се движи во интервал од минимални 7 до максимални 22 степени целзиусови.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Двајца загинати, тројца повредени во сообраќајка кај Агино Село

Недела носи претежно сончево и топло време со мала облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер од северен правец. Минималната температура ќе се спушти околу деветиот степен, но максималната во текот на денот ќе достигне до 27 степени целзиусови.

 

 

Претежно сончево време ќе имаме и во текот на следната работна недела.

Никола Ивановски