Како што информира Министерството за внатрешни работи, во периодот од 08,00 часот на 26 до 27 септември во 08,00 часот, издадени се потврди на вкупно 1.636 странски државјани, од кои, 1.070 се од машки пол, 183 се од женски, 333 се деца кои го придружуваат носителот на потврдата, како и уште 50 деца кои патуваат без родител, на кои издадена е потврда за искажана намера за поднесување на барање за признавање на право на азил.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-934, Авганистан – 317, Ирак-281,додека другите се во помал број.
Според државјанството на лицата на кои им се издадени потврди, најбројни се државјаните на Сирија-75.950, потоа Авганистан-10.606, Ирак-6.230, Пакистан-2.683, Палестина-1.105, Сомалија-635, Бангладеж-631, Иран-585, Конго-368, Нигерија-222, Камерун-178, Еритреја-163, Етиопија-126,Судан-114, додека останатите се во помал број.