Саливан и Џанг за американско-кинеските воени односи

Сподели со своите пријатели

Американскиот советник за национална безбедност Џејк Саливан денеска имаше опсежни разговори со потпретседателот на Централната воена комисија на Кина, генерал Џанг Јуксија, на крајот од тридневната посета на Пекинг, со цел да се намалат тензиите меѓу двете суперсили.

Loading...

На состанокот, прв меѓу Џанг и Саливан, и прв меѓу висок американски функционер и заменик-претседателот на Централната воена комисија на Кина од 2018 година, Саливан се заложи за подобрена комуникација меѓу двете страни, пренесува Ројтерс.

„Вашето барање да се одржи овој состанок со мене ја покажува важноста што американската влада ја придава на воената безбедност и нашите воени односи“, рече Џанг на состанокот во седиштето на Народноослободителната армија на Кина.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ФБИ упадна во станот на шефот на обложувалницата која ја предвиде победата на Трамп

Саливан го опиша состанокот како „редок“ настан и истакна дека двете земји имаат одговорност да спречат ривалството да ескалира во конфликт или конфронтација.

„Со оглед на состојбата во светот и потребата за одговорно управување со односите меѓу САД и Кина, мислам дека тоа е многу важен состанок“, нагласи Саливан.

Двајцата официјални лица се осврнаа на напредокот во воените комуникации и договорите командантите на оперативно ниво наскоро да воспостават телефонски комуникации, за што се залагаат САД.

Белата куќа соопшти дека Саливан, исто така, ја нагласил потребата од стабилност во Тајванскиот теснец и слободна пловидба во спорното Јужно Кинеско Море, витален трговски пат, според Ројтерс.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Руте: Војната во Украина е дел од глобалната борба за моќ меѓу САД и Кина

САД, исто така, изразија загриженост поради поддршката на Кина за руската одбранбена индустрија, се вели во соопштението.

Loading...

Саливан во средата разговараше со кинескиот врвен дипломат Ванг Ји, каде што високи кинески и американски претставници разговараа за одржување нови разговори меѓу шефовите на нивните држави во блиска иднина, објавија кинеските државни медиуми.

„Клучот за успешниот развој на кинеско-американските односи лежи во взаемниот еднаков третман“, рече Ванг на Саливан, објави државната CTV.

Белата куќа објави дека „двете страни имаа искрена, суштинска и конструктивна дискусија за низа билатерални, регионални и глобални прашања“.

Посетата на Саливан на Пекинг, која завршува денеска, доаѓа во време кога демократската претседателска кандидатка Камала Харис и републиканскиот кандидат Доналд Трамп зазедоа остри ставови кон Кина, особено во однос на царините.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  Американските власти ги забранија летовите над Хаити по инцидентот со Spirit Airlines и JetBlue