Сакала да има уникатна тетоважа, но многу зажалила (фото)

Сподели со своите пријатели

Канадска манекенка и модел Кет Галингер го изгубила видот на десното око, по катастрофалната интервенција за тетовирање на нејзиното око.

Пред неколку месеци одлучила да направи несекојдневна тетоважа и за бојата на својата очна белка избрала виолетова, но сега жали, пишува „The Sun“.

Четири часа ја правел новата тетоважа: Интернетот полуде по неа (видео)

Loading...

На нејзината страница на социјалните мрежи може детално да се следат нејзините објави и известувања од моментот кога прв пат заминала кај лекар минатиот месец, кога од окото и потекла виолетова течност, па се до ден денес.

Откако во болница и дале антибиотични капки за очи, окото станало ужасно потечено. Се испоставило дека бојата се рапишила и низ мрежницата и белката поради што започнала да го губи видот.

Поради тетоважа невин лежел во затвор 16 години

Лекарите и објасниле дека веројатно ќе продолжи да го губи видот и дека единствен спас е операција која мож да го спречи процесот, но дека окото всушност никогаш нема целосно да заздрави. Исто така и објасниле дека се се случува најверојатно поради наводен стерилизиран прибот за тетовирање и несоодвотено мастило.

Кет од своја страна одлучила да заздрави што повеќе за да може да ја продолжи својата кариера на модел, а своите фотографии и објави ги коментира со желба на сите кои сакаат ваква тетоважа да им стави до знаење до кои мерки мора да бидат внимателни и сугурни кај каков тату мајсор заминуваат на тетовирање.