САД одобрија трансфер на запленети руски средства за помош на Украина

Сподели со своите пријатели

Американскиот јавен обвинител Мерик Гарланд го одобри првиот трансфер на конфискуваните руски средства кои ќе се користат за помош на Украина.

Loading...

„Иако ова е прв трансфер на запленети руски средства за реконструкција во Украина, тој нема да биде последен“, рече Гарланд, пренесе Ројтерс.

Минатата година американското Министерство за правда го обвини рускиот олигарх Константин Малофеев за кршење на санкциите воведени кон Русија по нејзината инвазија на Украина, пишува Ројтерс.

Според извештаите, Малофеев ги финансирал Русите кои промовирале сепаратистички сили на Крим.

Гарланд тогаш најави заплена на милиони долари од сметката на рускиот олигарх.

Во февруари оваа година, американскиот јавен обвинител одобри тие пари да се користат за помош на Украина.

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.