САД испраќаат ПВО опрема во Украина вредна 275 милиони долари

Сподели со своите пријатели

САД се подготвуваат да испратат воена помош во вредност од 275 милиони долари за Украина, што ќе ѝ овозможи да се брани од дронови и ќе ја зајакне својата противвоздушна одбрана, се вели во документот што го видел Ројтерс во четвртокот.

Loading...

Вестите за помошта би можеле да бидат објавени уште во петок, но деталите за анти-дрон и опремата за противвоздушна одбрана сè уште не се познати.

Според документот, се очекува Пентагон да вклучи проектили за системот Локхид Мартин HIMARS, муниција од 155 милиметри, воени возила Хамви и генератори.

Портпаролот на Советот за национална безбедност одби да го коментира пакетот помош.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Обемот и вредноста на пакетите помош може да се менуваат додека не бидат потпишани од претседателот.

Износот од 275 милиони долари ќе биде покриен со претседателските овластувања кои им дозволуваат на САД да ја префрлат одбранбената опрема од залихите без одобрение од Конгресот во итен случај.

Целта на руските ракетни напади во Украина е делумно исцрпување на резервите на украинската воздушна одбрана и стекнување доминација во воздушниот простор над таа земја, изјави во ноември висок претставник на Пентагон.

Со цел да одговорат на овие напади, САД испратија во Украина софистицирани противвоздушни системи НАСАМС, кои функционираат веќе неколку недели.

Loading...

Претставничкиот дом на САД во четвртокот изгласа да обезбеди најмалку 800 милиони долари дополнителна воена помош за Украина во текот на следната година.

ПРОЧИТАЈТЕ И:  ТикТок нема да се продаде и покрај притисокот на САД

Сите информации поврзани со најновите случувања со војната во Украина можете да ги прочитате ТУКА.