Екипата на МКК Куманово е победник на првиот меморијален турнир „Зоран Петковски – Петкото“, кој се одржа во изминатите два дена во спортската сала „Боро Чурлевски“ во Битола.
Кумановци до трофејот стигнаа со две победи. Во полуфиналето, МКК Куманово го совлада домаќинот Пелистер со 80:61.
Во финалниот натпревар, кумановскиот состав беше подобар од ТФТ со 75:64 и го освои победничкиот пехар на првото издание на меморијалниот турнир посветен на Зоран Петковски – Петкото.
Третото место му припадна на МЗТ Скопје Аеродром. Во натпреварот за третото место, актуелниот македонски шампион славеше над Пелистер со 85:63.
Извор: КФМ

