САД и Индија потпишаа договор за размена на податоци

Сподели со своите пријатели

САД и Индија денеска потпишаа договор за размена на чувствителни сателитски податоци и податоци за мапи, а по тој повод американскиот државен секретар Мајк Помпео предупреди на заканата од „сè поактивната“ Кина.

Loading...

Помпео, кој вчера пристигна во Њу Делхи со министерот за одбрана Марк Еспер, по разговорите со индиските колеги изјави дека двете земји мора да работат заедно за да се спротивстават на заканата од Кина во однос на безбедноста и слободата.

Годишниот стратешки дијалог меѓу САД и Индија се одвива во време на зголемени тензии во регионот, додека индиските сили се борат против кинеските сили на спорната граница на Хималаите.

– Големи работи се случуваат додека нашите демократии се усогласуваат со цел подобро да ги заштитат граѓаните на нашите две земји и, всушност, слободниот свет, изјави Помпео пред новинарите по разговорите со индискиот министер за надворешни работи и индискиот министер за одбрана.

Тој тврди дека лидерите на двете земји и нивните граѓани „сè појасно гледаат дека Кинеската комунистичка партија не е пријател на демократијата, владеењето на правото, транспарентноста, слободата на пловидбата, темелите на слободен и отворен, просперитетен Индо-Пацифик“.

На прес-конференцијата, Еспер оцени дека новиот одбранбен пакт за размена и геопросторна соработка е „важна пресвртница“, што ќе ја поттикне соработката меѓу армиите на двете земји.

Тој додаде дека САД планираат да продадат повеќе борбени авиони и беспилотни летала на Индија.

Овој пакт ќе и обезбеди на Индија пристап до низа топографски, наутички и аеронаутички податоци што се сметаат за клучни за насочување ракети и вооружени беспилотни летала.

Loading...

Исто така, ќе им овозможи на Соединетите американски држави да и обезбедат на Индија напредни помагала за навигација и авиоелектроника на авиони испорачани од САД, вели претставник на индиската одбрана.

Сања Костовска

Leave a Reply