Патријархот московски и на цела Русија Кирил е заразен од коронавирусот, неговата здравствена состојба е задоволителна, изјави портпаролот на Руската православна црква Владимир Лејгода.
Loading...
– Патријархот московски и на цела Русија Кирил се зарази со корона вирусот, неговите состаноци и патувања се откажани. Поглаварот на Руската православна црква исто така треба да мирува и да биде во изолација – изјави Лејгода за новинарите.
Според неговите зборови, патријархот има изразени симптоми на болеста, но неговата општа здравствена состојба е задоволителна.