Руски крстосувачки ракети соборени над Киев

Сподели со своите пријатели

Воената управа на главниот град на Украина соопшти дека утринава над Киев биле соборени руски крстосувачки ракети „Искандер-К“.

Loading...

Руските сили го нападнаа Киев од север, се наведува во соопштението и се додава дека ова е петти ракетен напад овој месец врз главниот град на Украина, објави порталот на британскиот весник Гардијан.

Ракетите се уништени со средства за противвоздушна одбрана на приодите кон Киев и засега нема информации за уништување или евентуални жртви.

Воздухопловна тревога претходно беше објавена во главниот град на Украина и во голем број источни и северни региони поради ризик од ракетен напад.